Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Комплетниот приход од продажбата на посебно подготвените слатки со највкусната Plazma, во текот на јули и август, охридските Тамаро маркети ќе го донираат за поддршка на лицата со ретки болести во Охрид.
И оваа акција е продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад на охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, кои и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.
Заедно со Plazma ќе се дружиме со нашите пријатели од целиот свет во нашиот Охрид во уште едно „Слатко лето охридско со Plazma“. Ќе уживаме со Plazma, Plazmix и Wellness, а како дел од кампањата предвидени се и бројни активности.
– Покрај забавниот дел, годинешното издание на „Слаткото лето охридско со Plazma“ ќе има и хуманитарен карактер. За сите посилно да го кренеме гласот за помош на лицата со ретки болести, спроведовме една супер акција. Купувачите во Тамаро ќе си купат највкусни слатки по најприфатливи цени, а комплетниот приход од оваа продажба ќе биде дониран на локалното здружение на лицата со ретки болести „Ретко е да си редок“ во Охрид. Рецептот за слатката е одбран од порталот plazmaslatkarnica.mk, по што најдобрите слаткарки на Anabella секојдневно ќе го подготвуваат и ќе се продава во најголемите Тамаро маркети, порача популарниот водител Жанко ЗШ Голабоски.
Ова лето, заедно со Plazma имаме подготвено навистина бројни и слатки изненадувања. Покрај хуманитарната продажба, ќе се насладуваме и со Plazma чаршиската слаткарница, ќе уживаме со Plazma Lake Crusing и многу други интересни содржини.
Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то.
И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing