Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ТОП ВЕСТИ

ЖивоТ: Sawabona и Shikoba

Sawabona и Shikoba!

Sawabona е поздрав кој се користи во Јужна Африка и значи: „Те почитувам, те ценам. Ти си ми важен…“

Постои африканско племе кое негува една фасцинантна традиција. Кога некој ќе направи нешто погрешно, го носат во центарот на селото, а целото племе доаѓа и го опкружува. Два дена, тие му ги повторуваат сите добри работи што ги направил.

Племето верува дека секое човечко суштество доаѓа на светот како добро суштество. Секој од нас сака сигурност, љубов, мир, среќа. Но, понекогаш, во извршувањето на овие работи, луѓето прават грешки. Заедницата ги гледа тие грешки како крик за помош.

Потоа се обединуваат за да го подигнат и повторно да се поврзат со нивната вистинска природа, да го потсетат кој е тој навистина, додека не се сети на вистината од која привремено бил исклучен.

Како одговор, тој што згрешил одговара: Shikoba, што значи „тогаш јас постојам за тебе“, како знак на меѓусебно признавање и прифаќање.

Секој од нас е само едно човечко суштество во изградба и ние сме тука и се трудиме да дадеме се’ од себе за да бидеме среќни. Кога некој ќе ги изневери Вашите очекувања, запомнете дека наместо да се „откажете“ од таа личност, треба да побарате нов правец на дејствување. Работите се решаваат и со помалку гнев, повеќе трпение, емпатија и сочувство.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука