Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Министерката за НЕкултура да се извини за навредите кон угостителите и да си поднесе оставка!

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска во своето обраќање на 63. Фестивал „Охридско лето“ крајно безобразно и некултурно ги навреди не само угостителите, туку и охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Без нималку срам се дрзна и изјави – угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад. Како можете да ги потценувате угостителите и нивните угостителски капацитети и услуги кон туристите? Со што им помогнавте како Влада и Министерство, па сега уште и да ги навредувате за цените кои се формираат врз основа на многу фактори? Не Министерке, Ако имавте малку чест тогаш овие зборови ќе допреа до Вашата совест и никогаш немаше да ги изговорите. Како се грижите за културата кога годинава за „Охридско лето“ одобривте 2 000 000 денари помалку од минатата година за реализација на програмата? Што направивте како Министерка за култура за летната сезона да трае подолго време? До каде се археолошките ископувања на Самуиловата тврдина и активностите на локалитетот Плаошник?
За кој квалитет зборувате кога културата ја сведовте на најниско можно ниво? Единствен главен создавач на проблеми и искажани навреди и омаловажувања е Министерката за НЕкултура. Бараме јавно да се извините за искажаните навреди кон охриѓани и ако имате малку доблест веднаш да поднесете оставка, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука