ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Макфакс: Лекарската грешка ќе ја докажува со пријава за убиство, охриѓанецот Блажески во нова битка за починатата ќерка

Охрид, 17. јули 2023 (ОХРИДПРЕ)С – Кривична пријава за убиство од небрежност е следниот чекор на Блаже Блажески, кој пет години талка по судско-здравствените лавиринти во обид да докаже дека лекарска грешка е причина за смртта на ќерката Елида Нестороска од Охрид.

Таа почина во јули 2018 година со 61,48 единица шеќер во крвта откога во охридската болница ѝ биле дадени пет шишиња декстроза, јави Макфакс.

– Јас сега ќе ѝ бапнам нова кривична пријава. Убиство од небрежност, член 126 од Кривичниот закон. Материјален надоместок не сакам. Сакам да се утврди вистината. Ако некој погрешил, да одговара, казна да му следува. Пари не сакам, вели Блажески.

Освен кривичната пријава за убиство од небрежност, Блажески најавува дека ќе бара и меѓународна помош оти е разочаран од домашните институции.

– Нема негде кај што не сум пишал по десет пати. Не постои државен орган во Македонија. Илјада интервенции до бандитот Заев, бандит невиден. Ова е мојот придонес за да дојде на власт. Скапав од трчање, се пожали Блажески.

Видеото кое го направи редакцијата на Макфакс погледнете го ОВДЕ. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука