Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Реалноста е дека најголемиот дел од крајбрежјето што е под територија на Општина Охрид е покриен со колекторскиот систем и функционира, а истото го покажуваат испитувањата на ЦЈЗ Охрид пред почеток на сезона, освен на неколку точки каде езерото не е покриено, изјави градоначалниокот на Охрид, д-р Кирил Пецаков за Тв Телма.
– На над 95 % од местата каде туристите уживаат и се рекреираат, езерската вода е од прва класа. Колекторот генерално ја врши работата, ние имаме проблем онаму каде нема тотална покриеност од колекторот. Минатата и оваа година за дел од местата добиени се одобренија покрај изработката на проекти, а за дел, како за Љубаништа ќе биде нарачан проект во октомври по што ќе следи одобрение за изградба на колекторот и целосно покривање на териториата на крајбрежјето што припаѓа на Општина Охрид. Проблеми за функционалноста на колекторот конкретно за дел од територијата што ја покрива што не е посебно одвоен колекторскиот систем, туку има место каде се меша со атмосферска вода, тоа е затоа што не е изградена атмосферска мрежа на одредени места и сето тоа треба да биде завршено, потенцира Пецаков.
Додава дека за одредени зафати потребна е и државна помош, а токму тоа се случува за точките каде е потребно.
– Моментално, имаше повик од министерство за животна средина, ние имаме завршено проект на кој извадивме и одобрение, ние како локална самоуправа, тоа е за покрвање на селата Долно и Горно Лакочереј со примарна и секундарна фекална мрежа која понатаму нема да биде дел од сливното подрачје, бидејќи преку реката и начинот на кој функционирале досега овие села се загадувало езерото. Во јануари беше презентиран проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца и тоа ќе оди во фази, дел ќе сработи општина, дел жибвотна средина и останува уште Љубаништа, истакна Пецаков.
Резултатите од спроведените анализа на водата во Охридското Езеро во периодот јануари-јуни оваа година истата ја класифицираат како одлична, но и понатаму перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што се однесува на квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик во време на летна сезона.
Во заклучната оценка во извештајот се вели дека површинската вода од Охридското Езеро се класифицира како одлична и може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода. (Крај)
извор: ОхридПрес/ТВ Телма фото: ОхридПрес