Бања Лука, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Изборот на најубавото место во една земја е тешка задача, но светскиот патник Роберт Дачешин се осмели на овој предизвикувачки чекор, поточно, ги избра најубавите места во поранешна Југославија.
Хрватскиот национален парк Плитвички езера е на првото место меѓу најубавите места во поранешна Југославија.
– Ех, да останевме иста земја, каква земја ќе бевме, човече; планини, море, стари градови, реки и езера, сето тоа имавме“, вели овој авантурист од Бања Лука, кој ја напуштил својата класична канцелариска работа од 08:00 до 16:00 часот за да го обиколи светот, а своите впечатоци ги пренесува во видеа на неговиот Канал на YouTube, следен од повеќе од 100.000 фанови.
Во видеото со наслов „Ова се 10-те најубави локации во поранешна Југославија“ тој издвои магични места кои го освоиле со својата природна убавина, архитектура, култура и гастрономска понуда.
Најголем број места на листата има во Хрватска. Роберт Дачешин го стави хрватскиот национален парк Плитвички езера на првото место на најубавите места на поранешна Југославија.
На второ место е Охрид, а на трето островот Хвар.
Четвртото место го зазеде прекрасниот град Котор во Црна Гора, а на петтото е Националниот парк Тара.
На листата на Роберт на најубавите места во поранешна Југославија има и прекрасни места од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, пренесува Punkufer.
10 најубави места во поранешна Југославија:
1. Плитвички езера, Хрватска
2. Охрид, Македонија
3. Островот Хвар, Хрватска
4. Котор, Црна Гора
5. Националниот парк Тара, Србија
6. Дубровник, Хрватска
7. НП Сутјеска, Босна и Херцеговина
8. Блед, Словенија
9. Нови Сад, Србија
10. Шибеник, Хрватска
Во видеото на Роберт Декашин дознајте зошто токму овие 10 места се најдоа на неговата листа на најубави места во поранешна Југославија. (Крај)
извор: 4NEWS фото: ОхридПрес