Донецк, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хеликоптер и авион на украинската армија беа соборени над источната област на Донецк, рече командантот на самопрогласената Донецка Народна Република.
Командантот додаде дека украинската војска исто така загубила седум тенкови и 163 војници во последните 24 часа, а вкупно 1659 беа убиени во изминатите 17 дена.
Меѓу цивилите се проценува дека загинаа осум лица, а 22 беа повредени.
Оваа информација не е потврдена од страна на властите во Киев.
Судири во источна Украина се разгореа во јануари, а борбата во регионот Донецк се интензивираше. (Крај)
извор: ОхридПрес/РИА Новости фото: архива
Прочитано: 26