Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица: Во Охрид нема доволен број фонтани и јавни чешми

Охрид, 22. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во градот што го има најстариот и најдлабокиот европски резервоар со слатка вода, Охридското Езеро, нема доволен број фонтани и јавни чешми, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Долж целиот град има само пет-шест со чиста водоводна вода за пиење од каде туристите можат да се освежат и да се разладат. Во периодов, кога сите не’ очекуваат многу високи дневни надворешни температури што не се запаметени во изминатите години, прошетките на многубројните туристи туристи низ Охрид стануваат ризичен потег за нивното здравје. Охрид како град домаќин не им нуди доволно јавна вода за згаснување на жедта на туристите. Водата е од суштинско значење за нашиот опстанок и рамнотежата на водата е круцијална за одржување на хомеостаза во организмот. Научно е докажано дека телото на човекот кое е добро хидрирано е многу поотпорно на сончаница и топлотен удар. Токму затоа, охридскиот огранок на Политичката партија Левица апелира и бара од градоначалникот Пецаков и од Ј. П. “Водовод”- Охрид сите расположиви фонтани и чешми да ги ставaт во употреба за да можат да бидат од корист за посетителите на Охрид. Ваквиот потег истовремено ќе го намали амбалажниот пластичeн отпад од пакувана вода што по употребата се остава по јавните површини на градoт и дава грда слика за најголемиот туристички центар во Република Македонија, информираат од партијата. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука