Охрид, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од летните проекти на Супер радио и Тамаро, ова лето е и кампањата „Да го откриеме преубавиот Охрид“ со Скопско.
Дрвото, чија крошна креира скоро идеална форма на срце се наоѓа на кеј „Македонија“ и за нас беше појдовна и дојдовна точка за „од срцето на Охрид да одиме до дел од најубавите локации во градот и околината – со љубов од Охрид“, но и да ги откриеме и темните страни, ѓубрето и се’ останато што неодговорни поединци меѓу нас го фрлаат токму на овие локации.
Да го чуваме затоа што оваа убавина е наша одговорност и сите заедно можеме и мораме да придонесеме градот и целокупната околина да бидат чисти.
Заедно со Жанко ЗШ Голабоски, веќе Ви претставивме две такви локации и тоа Елен врв и Чекоштина.
Не фрлај, рециклирај, едуцирај, исчисти… Поддржи ги сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за нашите убавини да блеснат во сиот свој сјај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио