Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

67-годишна жена од Ресен се удави во близина на плажа во Струга

Струга, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јули 2023 година, во 15:25 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, била пронајдена удавена 67-годишната Ф.С. од Ресен.

– Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирале смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука