ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Министерката Шукова и струшкиот градоначалник Мерко го презентираа проектот за колекторскиот систем од Радожда до Калишта

Струга, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија Каја Шукова денеска беше во посета на Општина Струга, каде се сретна со градоначалникот Рамиз Мерко.

На средбата бил презентиран и проектот за колекторскиот систем од селото Радожда до село Калишта (втора категорија), почнувајќи со давањето на дозволата за градење.

– Предметниот проект се изготвувал повеќе од две години и ќе се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, кое истовремено го поддржува со финансиски средства. На овој начин, со отпочнувањето на работите за изградба на ова траса ќе биде комплетиран колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, од загадени води, за струшкиот дел од езерскиот брег, почнувајќи од Радожда до после реката Сатеска, каде завршува територијата на општината, информираат од Општина Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука