Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Засилени сообраќајни контроли, казни за 12 возачи од Охрид и 10 од Струга за пребрзо возење

Охрид, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јули 2023 година, во периодот од 09:00 до 15:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 12 во Охрид, по 10 во Струга и Кичево и 7 во Дебар. Целта на контролите е доследно придржување до одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можности за сообраќајни незгоди, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука