јули 27, 2023

Струга, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Стефан Богоев, директорот на Царинската управа на Република Македонија, денеска на граничниот премин „Ќафасан“, со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, го потпиша последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

– Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците, порачуваат од македонската царина.

Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука