Струга, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, околу 19:00 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода 44-годишниот С.Н. од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17:30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал 46-годишниот А.Д. од Струга.
– А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 16