Струга, 29. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јули 2023 година, од страна на полициски службеници од СВР Охрид – НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности и лишен е од слобода 44-годишниот С.Н. од селото Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А.
– Имено, на 28-ми јули 2023 година, околу 17:35 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош. По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид – НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес