Избор Култура Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Македонскo учество на Меѓународниот поетски фестивал „Словенска слова“ во Црна Гора

Мојковац, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на педесетина поети од земјите на словенскиот свет, од Романија, заедно со специјалната гостинка од Мароко, Далила Хилауи, во питоресктното село Слатина, општина Мојковац, во Црна Гора, се одржува Третиот Меѓународен поетски фестивал „Словенска слова“.

Учесници од Македонија се Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, заедно со Димче Шипинкароски и Веле Митаноски.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Мојковац, Веско Делиќ, а своите колеги ги поздрави и претседателот на Друштвото на писателите на Црна Гора, Новица Ѓуриќ.

Поетите, создаваат и читаат, во амбиентот на првото поетско село во регионот, „Пјесникова Долина“, кое го гради црногорскиот поет Родољуб Чориќ.

– Целта на фестивалот, е, во срцето на оваа величенствена природа и единствета поетска оаза, пред кањонот на Тара, под Пешќанските планини, да заживее словенското стиховно слово, кое ќе ги собира поетите со отворено срце и ќе ја врати Арената на поетите, за колегите и пријателите од другите меридијани, кои ја сакаат поезијата и создаваат пријателство помеѓу лугето и народите, објаснува идејниот твотрец на фестивалот и градител на „Пјесникова Долина“, Родољуб Чориќ.

Фестивалот го доделува ласкавото признание „Витез на Словенскиот свет“, книжевна награда за севкупно творештво, кое, годинава, отиде кај познатиот хрватскли поет од Сплит, Анте Грегов Јурин. Претходни добитници на наградата се книжевните творци Веселин Лари Мишниќ и Верољуб Вукашиновиќ.

Од годинава се доделува ио признанието „Мојкповачки златен прстен“, кое го добија Далила Хилауи од Мароко и Андријан Боднару од Романија.

Во рамките на манифестацијата, отворена е ликовна изложба, од фотографии во црно-бела техника, на српската поетеса, Смиљана Божиќ, која читаше песми од нејзините објавени пет збирки поезија.

Како ликовна уметничка ја претстави претседателот на ДПМ, професор д-р Христо Петрески, кој, и самиот, се занимава со ликовна уметност. На своите колеги посебен музички перформанс им приреди професор Петар Гојковиќ, солист на клароинет и саксофон. Последниве 20 години тој живее во Франција и создава бројни манифестации преку кои го шири словенскиот дух и потребата од зближување на народите и културите. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука