Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Викендот што измина го одбележаа бројни концерти и забави, што како понекое непишано правило значи и големи количини расфрлан отпад, што наложи комуналните служби да мора да бидат максимално ангажирани.
Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини.
– Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7. Се чистеше на стадионот „Билјанини извори“ по одржаните концерти и на плажата Немо. Интервенирано е по кејот, улицата „Македонски Просветители“, градскиот парк во повеќе наврати, за да се справиме со огромните количини расфрлан отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
Покрај тоа, поради дотраеност, нивни екипи ги заменија и знамињата на градскиот кеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“