Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе настани и свечености Општина Охрид ќе ја одбележи 120 годишнината од Илинденското востание.
Настаните започнуваат утре, со промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, што ќе се одржи во големата општинска сала од 11:00 часот. Вечерта од 20:00 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред обележјето не Илинденците во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил Патчев.
Во среда, на 2-ри август од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците во градскиот парк, од 10:20 часот на обележјата кај Прентов мост, а од 10:30 часот цвеќе ќе биде положено на спомен – обележјето на Илинденците во селото Плаќе. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива