Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на Законот за управување со отпадот, општински/овластен инспектор за животна средина од Охрид изврши вонреден инспекциски надзор во нестандардната комунална депонија Буково, Охрид во врска со опожарување на депонијата, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
– Службите на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид, го санираат опожарениот дел, а во неколку наврати интервенирала и Противпожарната единица на Охрид и Ресен. Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси и со беспилотно летало-дрон со течна алга, а до самозапалување е дојдено поради високите температури, како и излегувањето на метанскиот гас. Состојбата се следи интензивно на терен од страна на инспекциската служба и укажано е да се вклучат сите расположиви капацитети (човечки и механизација) за санирање на состојбата во насока на спречување на понатамошно загадување на воздухот и животната средина и заштита на здравјето на луѓето, потенцираат од ДИЖС.
Додаваат дека се во перманентна комуникација со општинскиот инспекторат од Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива