Охрид, 6. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со оглед на фактот дека пожарите во битолско изминатите денови беа подметнати, но и поради можноста тоа да се случи на други места додека се трага по подметнувачите, од ЈУНП „Галичица“ информираат дека сите расположливи екипи ќе ги насочат кон зачувување на шумата од пожари во паркот во текок на 24 часа во денот.
– Ќе има две вонредни патроли кои ќе патролираат на сите влезови на паркот како би се легитимирале и контролирале сите кои влегуваат во паркот на споредни влезови. Контролата на трите главни влезови, према Велестово, наплатна рампа Дервен како и наплатна рампа Царина ќе биде поригорозна со легитимирање на сите посетители. Во внатрешноста на паркот ќе има патроли за контрола на сите кои ќе бидат пресретнати и со или без возила и велосипеди. Истите патроли циклусно ( на секои два часа) ќе вршат посета на висински коти во паркот од каде би се приметила евентуална појава пожар кој не се приметува од пониските делови или од градот. Голем дел од овие активност вработените во паркот ќе ги изведуваат во соработка со Гранична полиција и други соодветни органи, потенцираат од ЈУНП „Галичица“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес