Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Поради сторени прекршоци, казни за 17 мотоциклисти во Охрид и 15 во Струга

Охрид/Струга, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти август 2023 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Охрид се преземени засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти, од кои 17 во Охрид, 15 во Струга и по 5 во Кичево и Дебар.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука