август 12, 2023

Струга, 12. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На веслачката патека пред авто кампот „АС“ во Струга, денеска се одржа Државното првенство во веслање во дисциплините скиф и дубл скул во повеќе категории.

Учество зедоа триесетина веслачи од 4 клубови, меѓу кои и веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид во дисциплината скиф, со веслачката Александра Маленко која се натпреваруваше во сениорска конкуренција-жени и го освои првото место.

– Постигнатите резултати се доказ за посветеноста и ентузијазмот на охридските веслачи. Продолжуваме со исто темпо напред, а ова нека биде мотивација за новите и млади сили, кои допрва ќе ги брануваат националните и меѓународните води, информираат од „Горица Ремо“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука