Струга, 16. август 2023 (ОРХИДПРЕС) – Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото.
Случајот во полиција бил пријавен вчера во 06:25 часот.
– Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат 38-годишниот В.Ј. од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 17