август 17, 2023

Вевчани, 17. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти август 2023 година, во 20:30 часот во Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта лишија од слобода 67-годишно лице од Вевчани.

– Тој се сомничи дека околу 18:00 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на лице од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот. Пушката е одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука