Скопје/Охрид, 17. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во јули 2023 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се опслужени 352.957 патници и 2.535 летови.
– Бројот на опслужени патници во јули ги надмина бројките од 2022 година за 19%, додека бројот на летови во јули 2023 е за 4% поголем од јули во 2022 година, информираат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa.
Од компанијата неодамна соопштија дека има пораст на бројот на патници за периодот јануари-јуни 2023 година. Имено, 1.338.406 патници патувале преку „Меѓународниот Аеродром Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првата половина на 2023 година, што претставува годишен пораст од 41%.
Споредено со 2019 година, која што се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи беше најсилната година од аспект на патнички сообраќај пред да се случи кризата со ковид-19, ТАВ Македонија има 15% повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, и тука двата македонски аеродроми повторно имаат пораст од 23%, или вкупно 10.299 опслужени летови од јануари до јуни 2023 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива