Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице, возач на мотоцикл е потешко повредено во сообраќајната незгода која се случи попладнево на патниот правец Охрид-Кичево.
Според порталот infomax.mk, незгодата се случила во близина на исклучувањето за селото Црвена вода.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата, а повредениот мотоциклист бил итно пренесен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за настанот од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР). (Крај)
извор: infomax.mk фото: архива
Прочитано: 28