Охрид/Струга, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Царинската управа на Република Македонија ја спроведе кампањата „Стоп за корупција“ на граничниот премин „Ќафасан“ и на царинските испостави Струга и Охрид.
– Стоп за корупцијата за повеќе пари за автопати, за болници и училишта. Стоп за корупцијата за фер конкуренција и подобрување на условите за бизнис. Пријави на 197. Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава, порачуваат од Царинската управа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20