Утре започнува вториот Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“
Охрид, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до сабота ќе се одржи второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, под покровителство на Општина Охрид.
Ќе учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи. Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубови Еурифарм Пелистер, Бутел, Голден Арт, Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика и Татран Прешов.
Натпреварите ќе се играат во четири термини 11:00, 13:15, 18:00 и 20:15 часот.
Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |