Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На „Ќафасан“ запленети 15 илјади австралиски долари кои македонски државјанин сакал да ги внесе без да ги пријави

Струга, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската царина заплени 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во Република Македонија, на граничниот премин „Ќафасан“ кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи.

Поради сомневање, царинските службеници извршиле личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Царина на РМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука