ЕКОЛОГИЈА Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот нуркач Јован Секулоски дел од Тв серијата „Sources of Life“ на телевизијата ARTE

Охрид, 2. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Професионалниот нуркач Јован Секулоски од Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид беше дел од Тв серијата наречена „Sources of Life“ на телевизијата ARTE.

Станува збор за Тв серија од седум епизоди која е посветена на Европските езера, меѓу кои е и нашето – Охридското Езеро.

– Во серијата се истражуваат убавините на езерата во текот на целата година, природата, уникатната флора и фауна, но и влијанието на климатските промени врз екосистемот и што конкретно може да се направи за да се поправат овие ефекти, вели Секулоски.

Првата сезона ќе се емитува на Француско-Германскиот Тв канал ARTE, посветен на културата оваа езен, а втората сезона ќе се емитува следното лето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НК „Амфора“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука