септември 2, 2023

Охрид/Струга, 2. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2023 година, во 12:00 часот во СВР Охрид, 23-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од страна на лице од Струга.

– Според пријавеното, на 11-ти јули 2023 година во Охрид тие имале сообраќајна незгода, при што стружанецот ветил дека ќе му ја надомести штетата на возилото, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука