ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга освои злато на државното меѓународно првенство во акватлон во Австрија

Струга, 4. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Деветгодишниот Јован Кутаноски освои злато на 36. меѓународно првенство во акватлон „Австрија Триатлон Подерсдорф“. Се натпреваруваше во конкуренци од 34 натпреварувачи од Австрлија, Словачка, Словенија, Унгарија, Белгија и Германија. Првото место го освои во категорија помлади пионери.

– Честитки за Јован и се надеваме дека ќе продолжи да носи успеси уште долги години, објавија од Триатлон федерацијата на Македонија.

За потсетување, Кутаноски, претходно освои прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, и во Хрватската триатлон лига. Прво место во триатлон на меѓународно натпреварување освои и во Германија, во својата категорија.

Истиот успех го повтори на Отвореното Триатлон меѓународно и државно првенство „Триатлон 3 дисциплини Струга“ во категоријата деца 1.

Забележителни успеси постигна и на Ohrid Water Festival каде освои златни медали на 50 метри делфин, 50 метри грбно и 100 метри краул и сребрен медал на 50 метри краул. Со својата победа на „Акватлонот Охрид Трчат“ Јован стана и државен првак во акватлон, во категорија Деца 1.

Повеќе за Јован ОВДЕ. (Крај)

извор: info.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука