ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Возило виси од карпа на Галичица, патниците извлечени неповредени

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Патничко возило марка „Фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде додаваат дека возилото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени.

Пријавата за возилото била добиена на бројот 112.

– Возило е излетано код главниот пат кај Националниот парк „Галичица“ на 10 минути возење по наплатниот пункт, кај местото викано „Коритски Рид“. Патничкото возило е марка „Фолксваген“ во црвена боја. РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР и СВР Охрид кои испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на карпа, наведуваат од ЦУК. (Крај)

извор: Независен/ЦУК фото: Независен

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука