Забава Избор

Wake Me Up на Avicii стигна до 2 милијарди прегледи на Spotify

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Една деценија по издавањето, одличната „Wake Me Up“ на Avicii стигна до 2 милијарди прегледи на Spotify.

Песната, која починатиот музички продуцент ја издаде во 2013 година со вокалите на Aloe Blacc, влезе на листата од 40 песни во историјата кои стигнале до оваа фантастична бројка.

Неодамна, песната доби дијамантски статус како highest-performing dance сингл во историјата, со продадени преку 10 милиони копии.

Avicii, со вистинско име Tim Bergling изврши самоубиство во април 2018 година, кога имаше само 28 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука