Струга, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти септември 2023 година, во 17:45 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода 33-годишно лице од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 18