септември 6, 2023

Охрид, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – „A New Day“ е новиот сингл на познатиот охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, кој денеска е актуелен SuperPLAY на програмата на Супер радио.

Станува збор за песна која е комплетно авторско дело на Четкар и е снимена со инструменти во живо во Чикаго во студиото „Electrical Audio“ на познатиот американски продуцент Стив Албини, кој е познат и по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и други.

Најново од Четкар е што на почетокот на октомври заминува на турнеја во Јужна Кореја. На неговиот официјален профил на Facebook тој објави дека е предвиден и концерт на 20 годишниот јубилеј на еден од најголемите џез спектакли во светот, Jarasum Jazz Festival.

– На 6-ти октомври 2023 година ќе се одржи концерт во Jazz Venue во Seoul, веќе следниот ден е концертот на Jarasum Jazz Festival, а на 8-ми октомври е предвиден настап во Gangneung на Gangneung Arts Center, информира Четкар.

Додава дека со него на турнејата доаѓа и проверена македонска музичка екипа составена од Филип Стефановски, Филип Димишковски, Џоле Максимовски, Дино Милосављевиќ, како и Bobby Walker. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука