ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Платите зголемени, казните намалени: Со 48 гласа за и 36 против донесени измените на Кривичниот законик

Скопје, 6. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со 48 гласа за, 36 против, и еден воздржан, Собранието на Република Македонија вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик со кои по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата, а кусо траеше и собраниската расправа.

Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.

За Гордана Силјановска- Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.

– Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова. Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Според Давкова, се работи за проектирана амнестија. „Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата“

И реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.

– Тој нема конкретно предмет на доказност и често се користи за пресметка со неистомисленици. Измената носи поголема тежина на квалификацијата бидејќи се утврдува намерата за злоупотреба, рече Минов. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука