Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Сообраќајка во близина на селото Требеништа, повредени две лица

Охрид, 7. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти септември 2023 година, во 22:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило марка „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од Охрид, излетало од патот.

– Притоа, возачот и 19-годишниот сопатник од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука