Охрид, 8. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми септември 2023 година, во 05:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во трафика со земјоделски препарати, на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, настанал пожар кој се проширил и на соседниот угостителски објект.
– Повредени лица нема, а по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Охрид, увид извршија јавен обвинител, вешто лице и полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 15