Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Следниот викенд ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“

Охрид, 11. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти и 17-ти септември 2023 година, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од ЕФМ и Општина Охрид, ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.

Ќе земат учество клубовите ЈК „Палиќ“, Бродарски клуб „Металац“ – Смедерево, ЈК „Смедерево“ од Србија, „Централен Софиски Јахт клуб“ од Бугарија, „GKZ“ од Полска и ЕК „Снегар“ и „Акватика Јахтинг“ од Република Македонија (се чека потврда за учество и од клубови од Црна Гора и Грција).

Ќе се натпреваруваат во класите Оптимист, ILCA 4 и класата 470, а ќе се едри на регатното поле Градско пристаниште-Канео-Горица 1. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука