Охрид, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.
Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во четврток, на 14-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот. Јавна расправа е закажана и во петок, на 15-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга.
Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:
– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.
Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес