ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид дел од „Македонската љубовна приказна“: Промовирано видео во ОН за македонските убавини

Женева/Охрид, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Видео приказната „Македонска љубовна приказна“ составена од околу 450 фотографии, која ги промовира македонските природни убавини, историски знаменитости, цркви, манастири, обичаи, традиции, носии, неодамна беше промовирана во канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) во Женева.

Автор и идеен творец на видео-приказната е Гонца Перунковска, која во својата видео-проекција со авторски дела, покрај сопствените, ги вклучи фотографиите на: Горан Анастасовски, Наце Попов, Билјана Јуруковски, Владимир Јовановски, Дуле Дамјановски, Гордан Ристовски, Доријан Миловановиќ, Зоран Карапанчев, Ристе Спироски, Ристе Стамаџиев и Маја Крстевска Коларова.

Музика која ја надополнува оваа специфична видео-приказна е дело на групата „Синтезис“ и Драган Даутовски Квартет.

„Македонската љубовна приказна“ е изработена под покровителство на Македонски национален совет од Швајцарија. (Крај)

извор: Нова Македонија фото/видео: Македонска љубовна приказна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука