Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Во јули 2024 година трка во Формула F1H2O Aquabike на H2O Racing во Охридското Езеро кај Поградец

Тирана, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од H2O Racing објавија дека Албанија во јули 2024 година ќе биде домаќин на Светското првенство во Aquabike UIM 2023 и UIM-ABP кое ќе се одржи во водите на Охридското Езеро кај Поградец.

Оваа најава дојде по потпишувањето на договорот во Албанија, каде Raimondo di San Germano, извршен директор на H2O Racing, предводеше делегација од H2O Racing и се сретна со Еди Рама, премиерот на Албанија и неколку високи албански претставници, објавија на официјалната страна на F1H1O.

– Албанија влегува на мапата на овие трки, заедно со Италија, Франција, Шпанија, Дубаи, Индонезија, Кина и многу други земји, изјави Рама по средбата.

May be an image of 6 people and text

Трката за Големата награда на Албанија ќе се одржи на 2-ри, 3-ти и 4-ти јули, а F1H2O Гран-при на Албанија е закажана за 5-ти, 6-ти и 7-ми јули 2024 година во Охридско Езеро.

– Со ова се отвора уште едно поглавје во историјата на Светското првенство во Aquabike UIM F1H2O и UIM-ABP. Ова ќе биде уште една нова земја за нас, ново возбудливо место за трка и нови предизвици за сите вклучени во двете спортски дисциплини. По успехот на инаугуративната трка за Големата награда на Копико на Индонезија во февруари, повторно ќе се вратиме во езерото Тоба во ноември за трки во Aquabike, а потоа можеме да гледаме кон втората трка во Индонезија во 2024 година и две нови возбудливи места за трка, Виетнам и сега Албанија, изјави Raimondo di San Germano, извршен директор на H2O Racing.

Повеќе за F1H2O ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука