ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во четврток во Охрид ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во четврток, на 14-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот. Јавна расправа е закажана и во петок, на 15-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга.

Од министерството информираат што содржи актот за прогласување на заштитеното подрачје Охридско Езеро:

– назив на заштитеното подрачје или природната реткост,
– категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја,
– картографски приказ со граници на заштитеното подрачје
– граници на зоните кои постојат во рамките на заштитеното подрачје,
– типови на зони во заштитеното подрачје,
– режим на заштита и
– субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување.

Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата е изработен согласно Студијата за валоризација која ги детерминира природните вредности на подрачјето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука