Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Летото 2023-то се’ уште не се предава. На 12-ти септември денеска имавме прекрасен сончев ден, кој многу охриѓани и гости го искористија за уживање во последните летни денови во најголемиот туристички центар во Република Македонија.
Гости од целата држава, но и бројни странски посетители, го искористија прекрасниот сончев и топол ден да уживаат на некоја од најпопуларните плажи на крајбрежјето.
Попладнево беше раздвижено и на Градскиот кеј, каде беше вистинско место за уживање на сонцето, дружење, спортување и капење во езерските води.
Лето 2023-то, прекрасно, раздвижено, сончево и како создадено за уживање во преубавиот Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 41