Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

25. издание на „Охридски староградски средби“

Охрид, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи 25. издание на „Охридски староградски средби“.

„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид кој ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.

– Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука