Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Во јули Македонија ја посетиле над 100 илјади странски туристи, најмногу од Турција, Србија и Полска

Охрид, 13. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во јули годинава биле евидентирани 197.273 туристи, од кои 46 отсто или 90.702 биле домашни, а 106.571 или 54 проценти странски.

Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742.970, од кои 71.4 проценти се од домашните туристи, а 28.6 отсто од странските.

Најатрактивни туристички места и за домашните и за странските туристи биле езерските места, меѓу кои доминира нашиот Охрид. Во однос на сместувањето, странските туристи најчесто се сместувале во хотели, а домашните туристи во куќи или станови за издавање.

Република Македонија во јули најмногу туристи имала од Турција (35.078), Србија (11.124), Полска (5.911), Романија(4.860)…

Во периодот јануари-јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2, а кај странските за 44.0 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари-јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 проценти, и тоа кај домашните туристи за 0.7, а кај странските за 28.4 отсто. (Крај)

извор: ДЗС фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука