Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведено лице од Струга кај кое полицијата пронајде бела прашкаста материја

Струга, 13. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти септември 2023 година, во 14:40 часот на улицата „Глобочичка“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 43-годишно лице од Струга.

– При преглед на патничко возило марка „Нисан“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука