Скопје/Охрид, 13. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Статусот на имплементација на мерките од Стратегискиот план за закрепнување на Охрид и Охридскиот регион како светско културно и природно богатство се разгледува на 45-та сесија на Комитетот за светското кулурно наследство на УНЕСКО, која од 10-ти до 25-ти септември се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.
– Се очекува УНЕСКО да го соопшти своето мислење за статусот на природното и културното наследство на Охридскиот регион, формирано врз основа на заедничкиот ажуриран извештај што го поднесоа владите на Република Македонија и Албанија. Извештајот содржи и Стратешки план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион, во кој се вклучени сите преземени мерки и активности поврзани со превенција и заштита на природните убавини и културното наследство на Охрид и регионот околу Охридското Езеро, во зададениот временски рок, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Министерката Каја Шукова ќе биде дел од владината делегација која на оваа сесија на Комитетот на УНЕСКО ќе ги застапува реализираните и предвидените активности поврзани со управувањето со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива