Бра/Охрид, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе има свои претставници на „Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава.
– Македонската делегација на Slow Food Macedonia патува во Бра, Италија. Нашите Ангела и Весна ќе го претстават Охридскиот клуб, порачаа на Facebook профилот на Slow Food Ohrid.
Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите.
Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји.
Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности.
Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива